СЀ ШТО ГЛЕДАМЕ…Е 15 СЕКУНДИ ВО МИНАТОТО Човечкиот мозок доцни со процесирањето на сликите
Наместо да ја анализираме секоја визуелна снимка, во даден момент перципираме просек од она што сме го виделе во изминатите 15 секунди, велат авторите. Ова е точно за секој човек и кога не би било така, би доживувале вртоглавици од хаосот од слики кои мозокот мора да ги „порамни“.
Нашиот мозок доцни цели 15 секунди кога ги обработува сликите кои доаѓаат од нашите очи, а тоа е природен механизам кој мора да биде таков, инаку постојано би доживувале вртоглавица, гадење и несредени мисли, открива нов експеримент објавен во „Science Advances“. Па така, сè што гледаме околу нас се случило пред 15 секунди. Тоа е една од причините што како луѓе, тешко ги забележуваме суптилните промени околу нас, откриле научниците.
Само 15 секунди. Толку му е потребно на умот да ги распореди, но и да направи „просек“, некако порамнување од „фотките“ кои го бомбардираат.
„Наместо да ја анализираме секоја визуелна снимка, во даден момент перципираме просек од она што сме го виделе во изминатите 15 секунди“, забележуваат авторите.
„Значи, со спојување на предметите за да изгледаат послични еден на друг, нашиот мозок нè мами да согледаме, да соѕерцаме една стабилна голема слика. Живеењето „во минатото“ може да објасни зошто не забележуваме суптилни промени што се случуваат со текот на времето“.
Сликите кои допираат до окото се менуваат, вибрираат, самото око трепка, се мрда кога има бучава … А, сепак, се чини дека тоа што го гледаме е мазно. Оваа „илузија на визуелна стабилност“ е идеја која можеби бара малку објаснување пред да има интуитивна смисла. Размислете за способноста на нашите очи да се фокусираат на далечни предмети, а потоа да ги следат додека се движат. Нашите очни јаболка мораат цело време да се движат.

„Сериската зависност предизвикува објектите во секој момент погрешно да се перципираат како послични на оние во неодамнешното минато“, објаснуваат истражувачите. Тоа значи дека нашиот мозок ја споредува живата слика од нашите очи со слики од блиското минато, погрешно откривајќи дека двете се исти. Ова создава ефект на измазнување со намалување на вкупниот број на „рамки“ во игра додека ги гледаме и перципираме предметите.
За да ја тестираат оваа теорија, истражувачите изградија експеримент (погоре) каде што луѓето гледаа прогресивно променлива слика која или покажува лице кое се претвора од младо во старо или старо во младо. Ако нашиот мозок е „заробен“ во неодамнешното минато, тој ќе мисли дека лицето не се променило. Токму тоа и се случило. Научниците почнале со интервал од една секунда, па две, сè до 15-тата, кога луѓето уште не можеле да одгатнат дека ликот се променил.