САД ЈА СЕЛАТ АМБАСАДАТА ОД КИЕВ ВО ЛАВОВ Веднаш напуштете ја таа држава

Американскиот државен секретар на американските граѓани во Украина им порача “веднаш да ја напуштат таа држава“.

457

САД денеска соопштија дека ја преместуваат својата амбасада од Киев во западниот украински град Лавов, наведувајќи го како причина „драматичното забрзување“ на распоредувањето руски сили долж украинската граница. Тој упати повик до сите останати американски граѓани во Украина „веднаш да ја напуштат таа држава“.

– Амбасадата ќе продолжи со својата работа и ќе соработува со украинските власти – изјави американскиот државниот секретар Ентони Блинкен.

Поврзани содржини