БУКВАТА КОЈА НАШИТЕ СОСЕДИ ЈА НЕМААТ „Ѕ“ постои само во македонската и во старословенската азбука

Буквата „Ѕ“ постоела уште во глаголицата, означена во зборот „ꙃѣло“ (ѕјало), што значел, „цело“ или „сè“. Таа е различна од латинската S и грчката сигма. Јазичарите ја опишуваат како звучна венечна слеана согласка.

1,192

Буквата „Ѕ“ е една од многу карактеристики кои го прават македонскиот јазик ѕвонлив, но и различен од сите други словенски јазици. Всушност, таа постои само во нашата и старословенската азбука, а се верува дека настанала под влијание на старите балкански јазици како грчкиот, влашкиот, албанскиот. Велиме под влијание, бидејќи во Грција го нема овој глас, а единствени од словенските народи кои го имаат како глас се Украинците.

Буквата „Ѕ“ постоела уште во глаголицата, означена во зборот „ꙃѣло“ (ѕјало), што значел, „цело“ или „сè“. Таа е различна од латинската S и грчката сигма. Јазичарите ја опишуваат како звучна венечна слеана согласка.






Македонските словени во минатото дошле во контакт со романските јазици и со јужноиталијанските дијалекти, па постоела тенденцијата гласот „Ѓ“ да се заменува со „Ѕ“. Освен оваа буква, самите гласови „Ѓ“ и „Ќ“ се различни од блискиот српски и бугарски јазик, а за нивното одвојување и означување со апостроф, кое го нема во другите азбуки се залагал уште Крсте Петков Мисирков.

Меѓу оригиналните карактеристики на македонскиот јазик се постпозитивниот член, кој кај нас го имаме во три форми, удвоениот предмет, користењето на глаголските именки, но и со големиот фонд на зборови кои се врзани со старословенскиот јазик, но и со палеобалканските јазици, што значи со тогашниот византиски грчки и латински јазик, а кои денес ги нема кај соседните словенски јазици.

За врската меѓу македонскиот и старословенскиот јазик одамна се знае во науката. Во основата на старословенскиот јазик се наоѓаат говорите од трите села околу Солун, Сухо, Висока и Зарова, факт кој кон крајот на 19 век го откриле Хрватот Ватрослав Јагиќ и Словенецот Ватрослав Облак.

Поврзани содржини