ПУТИН И СИ МУ ОДГОВОРИЈА НА БАЈДЕН НАТО да не се шири и откажете се од Студена војна
„Страните се противат на натамошното проширување на НАТО, ја повикуваат Северноатлантската алијанса да се откаже од идеологизираните пристапи на Студената војна, да го почитува суверенитетот, безбедноста и интересите на другите земји, различноста на нивните цивилизациски и културно-историски обрасци и да ги третира објективно и праведно мирниот развој на другите држави“, се вели во документот кој официјално го објави Кремљ.
Два часа пред официјалното отворање на Олимпијадата во Пекинг, кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот руски колега Владимир Путин утринава потпишаа заедничка изјава во која го повикуваат Западот „да се откаже од идеологизираните пристапи на Студената војна“. Путин и Си исто така го повикаа НАТО да престане да се шири во Источна Европа, го осудија формирањето безбедносни блокови во азиско-пацифичкиот регион и го критикуваа трилатералниот безбедносен пакт Аукус меѓу САД, Обединетото Кралство и Австралија, пишува Гардијан.
„Страните се противат на натамошното проширување на НАТО, ја повикуваат Северноатлантската алијанса да се откаже од идеологизираните пристапи на Студената војна, да го почитува суверенитетот, безбедноста и интересите на другите земји, различноста на нивните цивилизациски и културно-историски обрасци и да ги третира објективно и праведно мирниот развој на другите држави“, се вели во документот кој официјално го објави Кремљ.
Меѓу другото, двете земји си ветија и дека ќе ја зајакнат соработката за да се спречат „обоените револуции“ и надворешното мешање на Западот.
🇷🇺🇨🇳 Putin Meets up with Xi Jinping in China. pic.twitter.com/hwq5OcpNXW
— 0SiNTEL📡 (@OSiNTEL_) February 4, 2022
Кина ги поддржува руските барања за гаранции од НАТО
Како знак на руските интереси во Украина, Кина рече дека „ги разбира и ги поддржува предлозите изнесени од Руската Федерација за формирање долгорочни законски обврзувачки безбедносни гаранции во Европа“, се вели во документот.
Во исто време, таа се осврна на кинеската загриженост за трговските и безбедносните сојузи предводени од САД во нејзиниот регион.
„Страните (Кина и Русија) се противат на формирање структури од затворен блок и на спротивставени кампови во азиско-пацифичкиот регион и остануваат многу внимателни за негативното влијание на американската индо-пацифичка стратегија врз мирот и стабилноста во овој регион“, се вели во текстот.
„Работиме заедно за да го оживееме вистинскиот мултилатерализам“, му рекол Си на Путин. „Одбраната на вистинскиот дух на демократијата служи како сигурна основа за обединување на светот во надминување на кризите и одбрана на еднаквоста.
Триумф на меката моќ
Си не ја напуштил Кина од јануари 2020 година, кога земјата се справуваше со својата првична појава на ковид-19 и го стави во локдаун градот Вухан каде за прв пат беше откриен вирусот.
Тој се подготвува да се сретне со повеќе од 20 лидери додека Пекинг започнуваат Зимските олимписки игри за кои тој се надева дека ќе бидат триумф на меката моќ и ќе го оддалечат фокусот од акумулацијата загрозена од дипломатскиот бојкот и стравувањата од ковид-19.
Авионот на Путин утринава слетал во кинеската престолнина, објави државната телевизија CCTV. Пекинг е седум часа пред нашето време, па таму сега е попладне. Игрите ќе почнат во еден по наше, а во осум попладне по кинеско време.

Го познавам Си, тој ми е добар пријател
Се очекува Путин и Си по средбата да присуствуваат и на отворањето на Олимписките игри.
– Го познавам претседателот Си Џинпинг долго време. Како добри пријатели и политичари кои делат многу заеднички ставови за решавање на светските проблеми, ние секогаш одржувавме блиска комуникација – изјавил Путин, јавува Си-Си-Ти-Ви.
Кинеската државна новинска агенција Синхуа, исто така, објави колумна која Путин ја напишал, а била објавена во четвртокот. Во неа, рускиот лидер насликал портрет на двајца соседи (Кина и Русија) кои имаат сè повеќе заеднички глобални цели.
„За жал, обидите на голем број земји да го политизираат спортот за нивните себични интереси неодамна се интензивираа“, напишал Путин за најавениот дипломатки бојкот на Игрите, нарекувајќи ги таквите потези „фундаментално погрешни“.
Од своја страна, Кина стана сè погласна во поддршката на Русија во нејзиниот спор со силите на НАТО за Украина. Минатата недела, кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, ги нарече безбедносните грижи на Русија „легитимни“, велејќи дека тие треба да се „сфатат сериозно и да бидат решени“.
Заедно во комунизмот, заедно и сега
Кина уживаше голема поддршка од Советскиот Сојуз, но двете социјалистички сили подоцна се разидоа поради идеолошките разлики. Односите се вратија на вистинскиот пат со завршувањето на Студената војна во 90-тите, а двете земји во последниве години остварија стратешко партнерство и соработуваа на трговски, воени и геополитички прашања.
Тие врски дополнително се зајакнаа за време на ерата на Си Џинпинг, во време кога Русија и Кина се сè повеќе во судир со западните сили.
Други лидери кои ќе уживаат во гостопримството на Си за време на Игрите се египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, Мохамед бин Салман од Саудиска Арабија, Касим-Жомарт Токаев од Казахстан и Анджеј Дуда од Полска.
На Игрите се очекува да присуствуваат околу 21 светски лидер. Мнозинството од тие лидери владеат со недемократски режими. Дури 12 од нив се означени како „авторитарни“ или „хибридни“ според Индексот за демократија на Економист интелиџенс.