НЕМА ПРОМЕНА НА АТП ЛИСТАТА Иако не настапи во Мелбурн, Ѓоковиќ остана на првото место

Пред почетокот на финалето на првиот Грен Слем, познато беше дека Србинот во секој случај ќе загуби нешто, па такасо победата на Надал, Шпанецот го надмина според бројот на освоени Грен Слем титули, а при победа на Медведе, Новак повеќе немаше да биде на лидерското место во рангирањето на АТП.

355

По завршувањето на првиот годинашен Грен слем, на ранг-листата на АТП во првите десет позиции има само една промена. Беретини од седмото напредуваше на шестото место на сметка на Рубљев. Ѓоковиќ сѐ уште е на лидерската позијата, иако тој го пропушти Австралија опен поради проблеми со визата.

Ветеранот Роџер Федерер падна на 30-то место, што е негова најлоша позиција од јануари 2001 година.






Пласман на најдобрите 10 тенисери во светот:

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 11.015 бодови

2. Данил Медведев (Русија) 10.125

3. Александар Зверев (Германија) 7.780

4. Стефанос Циципас (Грција) 7.170

5. Рафаел Надал (Шпанија) 6.875

6. Матео Беретини (Италија) 5.278

7. Андреј Рубљов (Русија) 4.830

8. Каспер Руд (Норвешка) 4.065

9. Феликс Оже-Алиасиме (Канада) 3.923

10. Јаник Синер (Италија) 3.705.

Поврзани содржини