Со одлуката за недела неработен ден 92 отсто од вработените имаат слободно време да го поминат со семејствата, напиша министерот Крешник Бектеши на Фексбук и објави фотографија со семејството.
Со последната одлука недела е неработен де,н 92 отсто од вработените имаат слободно време да поминат со своите семејства, а 8 проценти од вработените кои се ангажирани во недела имаат поголеми дневници за 50 до 100 отсто, објави министерот за економија.
– Трудот на работниците мора да се почитува и соодветно да се вреднува. Секој работник има право на одмор и неделата да ја помине со семејството. Семејството пред се! – наведе Бектеши во објавата проследена со фотографија со на која е сликан со неговото семејство.