Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, ѝ приреди неверојатно изненадување на својата свршеница Георгина Родригез.
Португалецот приреди невидена роденденска честитка, а снимките од социјалните мрежи покренаа лавина од коментари.
Очигледно е дека кога си фудбалска ѕвезда нема невозможно, па Георгина засекогаш ќе го памети овој гест на Кристијано.
Роналдо „нарачал“ највисоката зграда на светот „Бурџ Калифа“ во Дубаи да биде „обоена“ со ликот на неговата свршеница.
Фудбалерот објави и видео на Инстаграм во кое ѝ го честита роденденот, а Георгина остана во шок.
– Вака завршува интересен ден, зборови не можат да излезат од мене. Ти благодарам, ти благодарам и ти благодарам Кристијано. Не можеш да ме направиш посреќна од ова – напишала Георгина.
Еве како тоа изгледало:
View this post on Instagram
Неодамнешните извештаи наведуваат дека трошоците за поставување на триминутна промотивна реклама или порака на фасадата на кулата се минимум 50.000 фунти, а цената расте за време на викендите.
