НИ ДОАЃААТ ГОСТИ ОД БУГАРИЈА ВО ЧЕСТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Владата го подготвува заедничкото чествување на великанот
Во чествувањето не е предвидено да учествуваат премиерите на двете земји, туку да се формираат заеднички делегации од претставници на двете влади. Сè уште се разговара за деталите, но делегациите ќе положат цвеќе на локации поврзани со Гоце Делчев во Скопје, велат од Владата.
Од Владата на Република Македонија потврдија дека на 4 февруари во Скопје ќе се организира заедничко чествување на Гоце Делчев на Македонија и на Бугарија, во чест на 150-годишнината од раѓањето на револуционерот.
– Во чествувањето не е предвидено да учествуваат премиерите на двете земји, туку да се формираат заеднички делегации од претставници на двете влади. Сè уште се разговара за деталите, но делегациите ќе положат цвеќе на локации поврзани со Гоце Делчев во Скопје – велат од Владата.
Претходно, бугарскиот премиер Кирил Петков пред парламентарците од неговата земја, истакна дека во духот на приближувањето на двете земје, ќе биде организирано заедничо чествување.
– За 4 февруари подготвуваме заедничко чествување со РС Македонија за Гоце Делчев по повод 150-годишнината од неговото раѓање – изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во излагањето пред пратениците на Народното собрание.
Гоце Делчев е личноста од историјата околу која се „кршат копјата“ во Заедничката комисија за историја, во која членуваат историчари од Македонија и од Бугарија. За Македоноците тоа е најголемото име од епохата на револуционерна борба, а сличен сентимент за Гоце споделуваат и Бугарите.
На хоризонтот засега не се гледа решението, со кое и двете страни би биле задоволни во описот на историскиот контекст на ликот и делото на Гоце Делчев. Затоа и организацијата на заедничкото чествување на двете страни, делува како да е остварен голем напредок во односите на земјите, чиј спор околу историјата и јазикот е причина за запирањето на евроинтеграцискиот процес на Македонија.
Да потсетиме дека бугарското вето е причината за недобивањето сатум за отпочнување преговори со ЕУ.