БРЕД ПИТ ИМА НОВА ДЕВОЈКА И сите ја знаеме (ФОТО)

Шпекулациите се интензивираа на популарната инстаграм-страница за озборувања „Deukmoi“, која тврдеше дека тие двајца се „само пријатели“.

1,127

Во Холивуд кружат гласини дека згодниот актер Бред Пит е во врска со шведската пејачка Лики Ли. Тие не се фотографирани заедно, но светските медиуми пишуваат дека во романсата влегле минатата година.

Познатата пејачка Лики Ли е 23 години помладa од Бред. Лики е една од најпопуларната пејачки на денешницата.






Американската верзија на магазинот „Сан“ тврди дека Лики живее на три минути од актерот, па поради тоа тие успеале да ја задржат врската во тајност.

„Бред и Лики можеа толку лесно да поминат под радарот затоа што се соседи. На Бред совршено му одговара да има некој што живее толку блиску, за да можат да бидат незабележани“, тврди изворот за магазинот.

Шпекулациите се засилени на популарната Инстаграм страница за трачеви „Deukmoi“, која тврдеше дека тие двајца се „само пријатели“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Davidson (@themagazinecity)

Љубовниот живот на Бред отсекогаш предизвикувал бура од гласини, кои во минатото го поврзувале со имиња како израелската професорка Нери Оксман и германската манекенка Никол Потуралски.

Тој со години е вплеткан во битка за старателство со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли, која првпат поднесе барање за развод од него во 2016 година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by elaviso.com (@elavisomagazine)

Тие сè уште живеат блиску еден до друг во Лос Фелиз, каде што тој има простран имот.

Анџелина живее во вила со нејзините и децата на Бред – Медокс (20), Пакс (18), Захарија (17), Шајло (16) и Нокс и Вивиен (13).

„Сакав да бидат блиску до нивниот татко, кој е оддалечен само пет минути“, изјави таа за британски „Вог“ минатата година, објаснувајќи зошто купила куќа во таа област.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HollywoodLife (@hollywoodlife)

Поврзани содржини