ИМАМЕ 40 БИЛИОНИ … БИЛИОНИ ЦРНИ ДУПКИ Универзумот е широко, широко место
Неверојатната бројка од 40.000.000.000.000.000.000 црни дупки ја објави „The Astrophysical Journal“, а ја пресметал младиот докторант Алекс Сицијала заедно со професорите кои ја рецензирале неговата докторска теза на Интернационалната висока школа за напредни студии во Италија.
Универзумот кој досега нашите телескопи можат да го видат содржи црни дупки колку бројот 40 после кој би следеле 18 нули. Тоа е дупло повеќе нули од милијардата која има 9. Црните дупки се како складишта за материјал, па 1 отсто од целата материја во универзумот се собрала во нив, пишува ИФЛ Наука.
Неверојатната бројка од 40.000.000.000.000.000.000 црни дупки ја објави „The Astrophysical Journal“, а ја пресметал младиот докторант Алекс Сицијала заедно со професорите кои ја рецензирале неговата докторска теза на Интернационалната висока школа за напредни студии во Италија.
Се разбира, Алекс всушност не ги броел црните дупки една по една, туку го зел бројот на ѕвезди кои се проценува дека ги има во универзумот, од нив ги одделил оние кои се 20 или повеќе пати потешки од Сонцето и кои се при крај на својот живот, односно се спремни да експлодираат и да се претворат во црни дупки – региони во кои ни светлината не може да побегне.
Покрај пресметувањето на бројот на црни дупки, студијата дава и процена на распределбата на нивните маси. Ова им овозможи на авторите да пресметаат дека 1 процент од барионската материја во универзумот е затворена во црни дупки со големина на ѕвезда. Барионската материја, која понекогаш се нарекува „обична“ материја, е составена од познати протони и неутрони и е во контраст со темната материја, чиј состав е непознат, и темната енергија, која е уште помистериозна и за која не се знае ништо.
Во пресметката се земени и таканаречените супермасивни црни дупки, кои знаат да бидат и до милион пати помасивни од обичните. Сепак, ако се стават на купче, малите спроти супермасивните црни дупки, малите заедно се околу 100 пати потешки, а тоа ќе биде предмет на истражување за идниот труд на Алекс. Исто така, ќе се разгледува прашањето дали има црни дупки кои се ниту ваму, ниту таму, односно со некоја средна маса.
Црните дупки постојат, барем на хартија, уште од 18 век. Тие станаа популарни во времето на Ајнштајн со неговата Теорија на релативноста како места кај што законите на Ајнштајн се кршат. До ден-денес физичарите мака мачат да ги разберат, иако постојат доста математички модели. Сепак, сè до пред неколку години, кога телескопите ја направија првата фотографија од црна дупка, се шпекулираше дали вакви места можат да постојат во вселената.