АВИОНИТЕ НИЗ СВЕТОТ ГИ ЧЕКА ХАОС ЗА НЕПОЛНИ 36 ЧАСА 5Г-мрежата ќе ги помати фреквенциите на летање

100.000 Американци би останале заглавени низ аеродромите во светот, а самите авиони поради 5Г-мрежата би имале проблеми со височината на летањето и со оперирањето, особено при намалена видливост, предупредуваат авиокомпаниите.

3,885

Над 1.100 летови во САД би биле откажани или би доживеале „хаос“ при летањето поради воведување на мрежата, а 100.000 патници би останале на земја, предупредуваат неколку американски авиокомпании во свое писмо до американските институции. За не помалку од 36 часа, односно за ден ипол, постои можност „десетици илјади Американци да бидат заглавени на аеродромите во странство“, што ќе ја пренесе кризата и во други делови од светот, пишува Ројтерс.

„Доколку нашите главни аеродроми не бидат ослободени за летови, огромното мнозинство на патнички и товарни авиони во суштина ќе бидат приземјени“, напишаа извршните директори на American Airlines, Delta Air Lines, United Airlines, Southwest Airlines и други компании во писмо до Ројтерс.






Се работи за услугата C-Band 5G која утре, во среда, сакаат да ја воведат компаниите AT&T и Verizon.

ќе ги наруши фреквенциите

Федералната управа за авијација (ФАА) предупреди дека евентуалните пречки во фреквенцијата може да влијаат на височината на летање и значително да ги нарушат операциите на летот при слаба видливост.

Трговијата ќе секне

Доцна во понеделникот, авиокомпаниите размислуваа дали да започнат со откажување на некои меѓународни летови за САД, кои се закажани за среда според распоредот на летови. Во писмото, кое го потпишаа и UPS Airlines, Alaska Air, Atlas Air, JetBlue Airways и FedEx Express, се нагласува дека е неопходна итна акција бидејќи „искрено, националната трговија ќе престане“.

Ќе пробаме да го решиме проблемот

„Aviation for America“, групата која го организираше потпишувањето на писмото, одби да коментира, а од владината ФАА изјавиле дека „ќе продолжат да обезбедуваат безбедност при патувањето бидејќи компаниите за безжичен интернет воведуваат 5G мрежа“.

Тие додале и дека ќе се обидат да ги ограничат доцнењата на летовите поради -мрежата. Другите владини агенции уште не одговориле на писмото.

Поврзани содржини