ЗАЕВ ПРЕКУ НОВАТА ВЛАДА ПРАВИ МОСТ ЗА ТИВОК ПРЕМИН Од ВМРО-ДПМНЕ ветуваат дека на крајот сите ќе ги стаса правдата од народот

За предлогот на новиот премиер Димитар Ковачевски гласаа 62 пратеника, што значи дека не е обезбедено покомотно владејачко мнозинство од она што го уживаше владата на неговиот претходник.

1,114

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека неспособноста на новата влада започнала уште во моментот кога е изгласана.

За предлогот на новиот премиер Димитар Ковачевски гласаа 62 пратеника, што значи дека не е обезбедено покомотно владејачко мнозинство од она што го уживаше владата на неговиот претходник.






„Граѓаните се уморни од неспособноста на СДСМ и ДУИ, а по однос на легитимитетот, Ковачевски како политичар и мандатар нема изборен легитимитет. Заев се обидува преку Ковачевски да направи мост за тивок премин и премолчување на неговите криминали, но сепак тоа нема да му успее затоа што ќе дојде судот на народот и департизираните судски институции. Оваа украдена шанса скапо ќе ги чини Ковачевски и Заев на следните избори, кај и да е ќе стаса како резултатите така и одговорноста, бегање нема“, се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа и на однесувањето на помалите политички партии, кои се дел од владината коалиција.

„ДС, ДОМ и ЛДП докажаа дека се привезоци на власта. Дека се заштитник на криминалот на СДСМ ДУИ“, посочија од опозициската партија.

Поврзани содржини