ВРВОТ НА КОВИД БРАНОТ НА КРАЈ НА МЕСЕЦОВ Д-р Даниловски предлага да се бројат само хоспитализирани

Докторот очекува по јануари да има многу помал број на смртни случаи, бидејќи ќе преовладува омикрон сојот.

2,152

Епидемиологот, д-р Драган Даниловски смета дека пикот на новозаразени во овој ковид-бран, во кој доминира омикрон-сојот, би бил на крајот на јануари и почетокот на февруари.

– Колку и да изгледа драматично растот на бројките, тоа беше за очекување. Ако продолжи сегашново темпо, кое што веќе се намалува, до врвот ќе стигнеме некаде кон крајот на јануари или почетокот на февруари, со не повеќе од 4.000-4.500 регистрирани случаи на дневно ниво. Но тоа е само врв на леден брег. Реалната бројка е многукратно повисока – вели Даниловски за Нова Македонија.






Според него, време е да се соопштува само бројот на хоспитализираните, зашто сега е важно да се води сметка болниците да не ни се претрупаат и, секако, бројот на починатите.

– Овој последниов бран сѐ уште се должи на делта. Тој е во опаѓање. Очекувам за недела-две да почнеме да броиме смртни случаи од омикрон, кои дефинитивно ќе бидат помалку, заклучува епидемиологот.

Поврзани содржини