ПЕЈАЧОТ АЛЕКСАНДАР БЕЛОВ ПРВПАТ СТАНА ТАТКО Сопругата Јелена роди девојче (ФОТО)
Среќните родители на девојчето му го дадоа името Мина.
Македонскиот поп-пејач Александар Белов, коj пред неколку години стана ѕвезда со учеството во регионалното музичко талент-шоу „Операција триумф“, синоќа, на Василица, стана татко за првпат.
Александар и неговата сопруга Јелена за првпат се остварија во улогата на родители, откако Јелена роди женско дете. Среќните родители на девојчето му го дадоа името Мина.
Пејачот убавата вест ја објави на Фејсбук:
„13.01.2022 Ти благодарим Боже што ни дозволи да станеме родители… Јелена Белов ти благодарам што ни ја донесе на свет нашата нова заедничка љубов… Се роди Мина Белов!“, напиша Белов.
Инаку, Александар и Јелена се во брак од 2019 година. Пејачот откако се ожени со Јелена Станковиќ, последните неколку години живее во српскиот град Крагуевац, каде што продолжи да се занимава со музика, настапува со својата група „Белов бенд“.
ФОТО: Фејсбук