АКО ВАКА СЕ ОДНЕСУВААТ СО БРАЌА, ТОГАШ КАКО СЕ ОДНЕСУВААТ СО ОНИЕ ШТО НЕ ИМ СЕ БРАЌА? Тито Петковски вели дека Бугарија била и останува наш единствен непријател

Ако се има предвид дека овие пораки од Бугарија доаѓаат само ден пред најголемиот христијански празник Божик, станува јасно дека се работи за луѓе без основни морални скрупули, реагираше на Фејсбук поранешниот собраниски спикер Тито Петковски.

5,242

Национал-шовинистичките изјави на Румен Радев, на Слави Трифонов и сличните на нив бугарски политичари, само потврдуваат дека Бугарија беше и останува голем и засега единствен отворен непријател, реагираше на Фејсбук поранешниот собраниски спикер Тито Петковски.

„Ако се има предвид дека овие пораки од Бугарија доаѓаат само ден пред најголемиот христијански празник Божик, станува јасно дека се работи за луѓе без основни морални скрупули. Ако вака се однесуваат кон братска Северна Република Македонија, како што вели Румен Радев, како ли се однесуваат кон оние, кои не им се браќа?“, напиша Петковски на Фејсбук.






Ваквата негова изјава следува откако бугарскиот претседател Румен Радев денеска ги повтори бугарските услови за напредок на Македонија кон ЕУ.

– Верувам дека сите ветувања и ангажмани преземени од нашите соседи ќе бидат исполнети за да се забрза процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија. Ги поздравувам намерите на бугарската влада да биде активиран дијалог од заемен интерес меѓу двете држави. Уставните гаранции за македонските Бугари, запирањето на говорот на омраза и прекинување на процесот на дебугаризација, само ќе помогнат да се забрзаат работите и да може Бугарија да ја отвори вратата за преговори за зачленување на Република Северна Македонија во Европската Унија – рече Радев.

ВО СЛУЧАЈ ДА СМЕ ЗАБОРАВИЛЕ Радев ги повтори бугарските услови за напредок на Македонија кон ЕУ

Поврзани содржини