ОМИКРОН НЕ Е ЦЕЛОСНО ПОТВРДЕН КАЈ СТРУЖАНЕЦОТ Освен ПЦР-тест треба секвенционирање на генот (ОБНОВЕНО)

Досега на ПЦР тестови кај тројца пациенти позитивни на ковид-19 е детектиран S-gene dropout, но нема извршено секвенционирање, односно нема потврда дека тие се заразени со омикрон. Тестирањата им се направени во приватна болница, а станува збор за пациенти од Прилеп, Велес и Струга, велат од Министерството за здравство.

2,065

За да се потврди омикрон-сојот кај пациент не е доволен ПЦР-тест, туку генетско секвенционирање кое уште не е извршено, реагира Министерството за здравје на информациите кои медиумите ги пренесоа повикувајќи се на епидемиологот Јованка Струлакова – Коровешоска од Центарот за јавно здравје, која за МИА потврди дека пациентот е позитивен.

– Досега на ПЦР тестови кај тројца пациенти позитивни на ковид-19 е детектиран S-gene dropout, но нема извршено секвенционирање, односно нема потврда дека тие се заразени со омикрон. Тестирањата им се направени во приватна болница, а станува збор за пациенти од Прилеп, Велес и Струга. На пациентите им е направена епидемиолошка анкета и согласно протоколите во изолација се ставени лицата со кои биле во контакт, се додава во соопштението.






Министерството за здравство воедно апелира од воздржување и давање паушални изјави и непроверени информации, кои ги доведуваат граѓаните во заблуда и шират паника меѓу населението.

Епидемиологот од Центарот за јавно здравје, Јованка Струлакова – Коровешоска претходно денеска информираше дека кај повозрасно лице од Струга, вакцинирано со две дози „Фајзер“, е потврден случај на омикрон-сојот на Ковид-19.

– Лицето во моментот е во изолација. ПЦР тест правеше пред една недела заради патување во странство. Во текот на скринингот излезе дека е позитивен на Ковид-19, а денеска добивме потврда дека се работи за новиот сој омикрон – изјави Струлакова-Коровешоска.

Таа посочи дека според анкетниот лист, лицето не знае од каде се заразило, а како контакти ги навел членовите од потесното семејство.

Поврзани содржини