ДАЛИ ИЗРАЕЛ ИМА ВРСКА СО НАВОДНИТЕ ПЛАНОВИ НА МИЈАЛКОВ ЗА БЕГСТВО? Решението за притвор се повикува на релации на обвинетиот со разузнавачки служби, но се именува само една земја

ако можно засолниште на семејството Мијалков при евентуално бегство од Македонија, се спомнува Чешка, каде што Мијалкови имаат имот. Нејасно е како судот дошол до овие заклучоци, со претходни информации од разузнавачки карактер, или по слободна процена.

2,995

„Имотот што обвинетиот Сашо Мијалков го поседува во РСМ и во странство, врските кои ги има со лица ад разузнавачките служби во РСМ и странски служби, фактот дека против обвинетиот се водат повеќе кривични постапки доведени во корелација со пропишаната санкција за кривичните дела што му се ставаат на товар, како и веќе определените затворски казни, претставувале околности коишто несомнено укажуваат на опасност од бегство на обвинетиот, кои не можеле да се отстранат со примена на поблага мерка за обезбедување на присуство на обвинетиот во текот на кривичната постапка поради што неопходно определување на мерката притвор“.

Ова е дел од образложението со кое Кривичниот суд во Скопје, на барање на обвинителката во случајот „Плацеви на Водно“, Лиле Стефанова, на обвинетиот Сашо Мијалков вчера му определи 30-дневен притвор. Неколку часа пред тоа, Апелацискиот суд од Скопје го пушти Мијалков од притвор во случајот „Трезор“, со кауција од 11 милиони евра.






Во образложението на одлуката се спомнува и настанот кога Сашо Мијалков беше недостапен за органите на прогонот. „На барање на обвинителството за определување мерка притвор за обвинетиот Сашо Мијалков било донесено решение за определување на мерка куќен притвор, кое неколку денови не можело да му биде врачено бидејки истиот се дал во бегство“. Интересно е дека Судот го занемарил фактот дека обвинителката Ленче Ристовска тогаш отвори истрага за овој настан и ја затвори во недостиг на докази.

Во образложението на Судот се спомнуваат врските на Мијалков со разузнавачки служи на други земји, а посебно се именува Израел.

„Обвинетиот Сашо Мијалков во еден подолг временски период, почнувајќи од втората половина на 2006 година па се до јуни 2015 година ја извршувал функцијата директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, преку која функција создал блиски врски со rолем број лица вработени ва разузнавачки и контраразузнавачки служби во регионот, но и со разузнавачки служби на Израел. Ваквите познанства му овозможувале реално да побегне од државата без патна исправа во секое време, особено имајки го впредвид и фактот дека обвинетиот како

поранешен директор на УБК сè уште имал огромно влијание кај одредени структури од оваа служба кои биле спремни во секое време да му помогнат да побегне надвор од државата на нелегален начин“.

Дали ова значи дека Судот прејудицира дека Мијалков подготвувал бегство од Македонија, посебно во соработка со служби од Израел? Нејасно е како судот дошол до овие заклучоци, со претходни информации од разузнавачки карактер, или по слободна процена.

Во образложението се спомнува и имотот на Мијалков во Република Чешка, како и можноста неговото семејството „во секое време да замине од РСМ и да го придружува во државата во која обвинетиот ќе побегне“.

Дали со ова се сака да се каже дека Република Чешка била подготвувана како можна дестинација за бегство на семејството Мијалкови? И ова прашање останува нејасно.

Како и да е, одлуката за притвор е донесена според член 165 став 1 точка 1 од Законот за кривична постапка, кој ја определува опасноста од бегство како основ.

 

 

Поврзани содржини