КОЛКУ НАТО БАЗИ ВО ЕВРОПА ГО ОПКОЛУВААТ ПУТИН? „Ве уверувам, Русија не подготвува окупација на Украина“

Шеснаесет од 28-те НАТО бази во Европа се наречени „клучни бази“, четири од нив се поморски распоредени во Италија, Шпанија и на грчкиот остров Крит, а последните осум се за авијацијата. Мапата на базите со црно обележува и три бази кои се во Норвешка, Турција и во Германија, веројатно поради нивната блискост. На мапата не се дадени базите и антиракетниот штит во Полска, точката на прелом меѓу Истокот и Западот.

1,272

„Русија не планира напад врз ниту една земја. Ве уверувам дека руските трупи во моментов не се подготвуваат за окупација на Украина“.

Со ваква реченица проба да ги смири страстите меѓу Истокот и Западот рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов во интервју за германски „Ди Велт“. Изјавата дојде како изненадување наспроти тешките зборови на претседателот Путин дека Русија ќе биде принудена остро да одговори доколку Западот не се откаже од својата „агресивна линија“, но и предупредувањата на Сергеј Лавров кој за РусијаДенес објасни дека Москва ќе одговори на секоја украинска провокација.






Сакаат ли Русите вистинска војна во Украина или само трупаат војска за да ги одмерат своите сили со НАТО? Сите зборуваат за руска агресија, но ако се земе фактот дека наспроти 175.000 руски војници и опрема, од другата страна на Европа зјаат дури 28 НАТО бази распоредени во различни земји, руската загриженост добива на тежина. После сè, Путин поставува своја армија на своја руска територија, а секој има право да го одбрани своето.

Можеби затоа Русија неодамна излезе со четири свои барања во однос на НАТО, нацрт-договор со кој Вашингтон и Москва ќе пробаат да ги утврдат правилата кое оружје ќе се користи ако некој почне да пука во Украина. И во војната има правила, а се чини дека свесен за военото присуство на Западот, Путин сака со што помалку потези, како на некоја нова Јалта, да ги добие своите гаранции и сфери на влијание.

Ако има војна, ќе играме по руските правила?

Шеснаесет од 28-те НАТО бази во Европа се наречени „клучни бази“, четири од нив се поморски распоредени во Италија, Шпанија и на грчкиот остров Крит, а последните осум се за авијацијата. Мапата на базите со црно обележува и три бази кои се во Норвешка, Турција и во Германија, веројатно поради нивната блискост. На мапата не се дадени базите и антиракетниот штит во Полска, точката на прелом меѓу Истокот и Западот.

Исто како што базите на НАТО се поделени на копнени, поморски и авијациски, такви беа и барањата на Русија за нов нацрт-договор со Алијансата. Првото барање да се забранат американските ракети со среден дострел, одговара на копнената стратегија, открива порталот Брукингс. Второто се однесува на морињата: да се забранат воените бродови на НАТО да пловат во меѓународни води, а тоа да важи и за тешките бомбардери како трето барање на Русија.

Тука веројатно се во игра честите конфронтации на британски и руски бродови во Црното Море. Четвртото нешто за кое треба да се договорат Путин и Бајден, освен секако, гаранцијата дека НАТО нема да се прошири во Украина, е дека секоја земја ќе го распоредува своето нуклеарно оружје само на своја територија. Ќе се согласат ли двете страни за нешто од ова? Според порталот, Путин знае дека дел или сите од овие барања ќе бидат одбиени, но би го искористил тоа како изговор за утре да отпочне „самоодбранбена“ војна во регионот.

Дур нема војна, ќе вежбаме војна на границите

Покажувањето на моќ што Путин заедно со неговиот сојузник Лукашенко го покажаа на полско-белоруската граница во масивната вежба „Запад 2021“ ќе се повтори и во провиницијата Краснодар во близина на украинската граница. Стотици руски падобранци оваа недела ќе менаверираат во небото, соопшти руското Министерство за одбрана.

Околу 1.200 војници и 250 возила, како и еден авион ќе симулираат освојување област како дел од офанзивна операција. Русија „ги има сите капацитети за да обезбеди целосен воен и технички одговор на секаков вид провокации што би можеле да се шират околу нас“, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во интервјуто за РусијаТајмс.

„Евентуалната руска воена агресија против Украина би имала „огромни последици“ и би предизвикала „сериозен одговор“, експресно му одговорија на Путин САД, Велика Британија, Германија, Франција, Канада, Украина, Полска и неколку други европски држави во своја заедничка изјава.

Соопштението е објавено откако на барање на Русија се одржа неофицијален состанок во Советот за безбедност на Обединетите Нации, според таканаречената формула Арија, на која не е задолжително присуството на сите членки.

Побунетите региони се марионета во дипломатската војна

Кога не може да се води вистинска војна меѓу Истокот и Западот, преостанува да се тргне во дипломатска офанзива. Тука Москва совршено добро знае да ја оправда својата позиција дека Западот е тој што го охрабрува Киев да провоцира со антируски сентименти.

На почетокот на месецов, Лавров рече дека украинските власти „стануваат сè подрски … со својата агресивност кон договорите од Минск, кон Русија и во нејзините обиди да го испровоцира Западот да ги поддржи неговите милитантни аспирации“, пишува РусијаДенес.

Договорот од Минск, кој е битен за Москва, е пакт за прекин на огнот, кој беше потпишан во 2014 година во обид да се стави крај на војната во Донбас. Побунетите региони на Луганск и Доњец ја прогласија својата автономија од Киев, откако претходно ја соборија новоизбраната украинска влада на улични протести.

Но, за волја на вистина ниту Москва, ниту некоја земја од ОН ги призна овие самопрогласени републики. Наместо тоа, Кремљ инсистираше дека Украина сама треба да постигне договор со водачите на навидум отцепените региони. Со оваа мала постапка, Путин ја префрли топката во дворот на Володимир Зеленски, знаејќи дека украинскиот претседател тешко ќе се справи со ситуацијата и ја доби дипломатската војна, која му е еднакво важна како и хибридната или вистинската војна со 28-те НАТО бази во Европа.

Поврзани содржини