ПРЕЖИВЕА ДИКТАТОРОТ КОЈ ИМА НАЈМНОГУ РАКЕТИ Какви беа последните 10 години за Севернокорејците?
Они кои предвидуваа воен удар или преземање на власта од севернокорејските елити погрешија. Светот го потцени младиот диктатор. Ким Џонг-Ун не само што ја зацврсти својата позиција, туку и воведе нова ера наречена „Ким Џонг-унизам“.
Млад и неискусен 27-годишник десет години ја водеше Северна Кореја по ненадејната смрт на неговиот татко, а некои медиуми го нарекоа „најкрволочниот диктатор“ на планетата. Ким Џонг-Ун го издржа тестот на времето, го надитри Трамп, истрела 100 балистички ракети и досега тестираше четири нуклеарни ракети, а сето тоа го постигна сам, во држава која во последните 70 години не комуницирала ниту со најблиските соседи, пишува Би-Би-Си.
Семејството на Ким владее со Северна Кореја од нејзиното формирање во 1948 година. Народот во земјата е научен дека крвната линија е света. Тоа е начин на легитимирање на династијата. А, колку луѓе беа погубени во последните десет години?
Они кои предвидуваа воен удар или преземање на власта од севернокорејските елити погрешија. Светот го потцени младиот диктатор. Ким Џонг-Ун не само што ја зацврсти својата позиција, туку и воведе нова ера наречена „Ким Џонг-унизам“.
Никогаш нема да гладувате со Ким
Во еден говор во 2012 година, Ким-Џонг Ун вети дека Севернокорејците никогаш нема да мора „повторно да ги стегаат ремените“ од глад. Тој сакаше да ги убеди луѓето дека нема да има уште еден смртоносен глад како она што Северна Кореја го преживеа во 1990-тите.
За почеток Ким дозволил да влезат повеќе странски инвестиции. Возачот Јо Сеонг-ју од провинција на источниот брег на земјата се сеќава дека почнал да забележува повеќе работи во супермаркетите кои биле направени во Северна Кореја.
– На наше изненадување и гордост, севернокорејските прехранбени производи всушност беа подобри од кинеските во однос на вкусот, пакувањето и понудата – вели тој.
Го погубил вујко му оти бил „човечко ѓубре“
Добрите желби на Ким Џонг-Ун за неговиот народ не се проширија на оние што тој ги сметаше за закана. Особено неговиот вујко Џанг Сонг-Таек кој собрал моќна мрежа на сојузници. Ким наредил вујко му да биде погубен нарекувајќи го „човечко ѓубре“ и „полош од куче“.
– Многумина од нас се надеваа дека земјата ќе се отвори со Кина и дека ќе можеме слободно да патуваме во странство – се сеќава Чои На-рае, трговец чиј бизнис зависел од Кина.
Бодликавата жица која никој не ја прескокнал
За да спречи луѓето да бегаат во Кина, Ким поставил бодликава жица на границата, а под жицата имало стапици. Ха Џин-ву тајно пренесувал луѓе. Тој успеал да извлече околу 100 луѓе надвор.
– Бев многу исплашен кога почнав, но го имав ова чувство за должност. Уште од мали нозе имав многу сомнежи за Северна Кореја. Зошто сум роден овде за да живеам како помалку од животно без права и слобода? Морав да го ризикувам животот за да ја работам оваа работа – вели тој.
Но и самиот тој на крајот морал да побегне. Неговата мајка била затворена во затворски логор и бруталниот третман таму ја оставил парализирана. Ова го прогонува Џин-ву кој едвај се сеќава на гласот на неговата мајка.
Г-дин Популарен и убавата Ри Сол-Џу
И покрај репресијата против неистомислениците и дезертерите, кралот Џонг-Ун се обидуваше да изгледа попристапен, помодерен и попријателски настроен од неговиот татко.
Тој се ожени со убавата Ри Сол-Џу. Го фотографираа како се гушка, мавта, се смешка при посетите на различни градови и села. Јавање тобогани, скијање, галопирање на коњи. Но, за обичните Севернокорејци, обидот да се биде „помодерен“ бил забранет. Најмалку седум лица биле егзекутирани во изминатата деценија поради гледање или дистрибуирање на видеа со жанрот К-поп од Јужна Кореја, според неодамнешниот извештај за човекови права.
Човекот-ракета и Доналд Трамп
Кавгата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Ким Џонг-ун заврши со едно дипломатско шоу. Американските медиуми го прикажуваа Ким како дебело разгалено бебе.
Истовремено, санкциите за ограничување на нуклеарната програма на земјата почнаа да се чувствуваат. Северна Кореја никогаш не се придржуваше на договорот. Договорот, всушност и немаше.
Нема лекови, нема криза, нема мртви од корона
Кога короната ја погоди соседна Кина во јануари 2020 година, Ким ги пушти своите први солзи во јавен говор, нешто незамисливо за севернокорејски лидер. Храната и виталните лекови се натрупаа на главната влезна точка на Дандонг, не можејќи да се пробијат. Повеќе од 80 отсто од трговијата во земјата доаѓа од Кина.
Ким Сунг-Хуи, поранешен лекар, вели дека повеќето лекови во земјата мора да ги купите на црниот пазар. Оперативните сали редовно остануваат без струја, а хирурзите понекогаш работат со голи раце бидејќи немаат од кај да набават ракавици.
Култот на Ким
Култот на семејството на Ким се покажа како многу распространет и неверојатно стабилен. Сите предвидувања за колапс на режимот и за некаков државен удар се покажале погрешни. Ќе се отвори ли земјата која повеќе од 70 години е затворена за светот? Тоа тајно го посакуваат толку многу Севернокорејци. Бар да можат да ги видат своите семејства во странство.
– Пеењето за себе е нешто за што го ризикував мојот живот. Оние кои останаа во Северна Кореја мора да го закопаат тоа во своето срце додека не умрат – вели пејачката Хјун-Ханг
Во 2018 година кога Ким Џонг се сретна и сакаше да се помири со претседателот на Јужна Кореја, во Пјонјанг осамна постер со кој тој со прстите ја покажува буквата „К“, која е симбол на јужнокорејскиот К-поп. Со истите тие прсти Ким можеше да го промени курсот на својот народ, пишува Лаура Бикер од Би-Би-Си и додава:
„Можеше да им понуди слобода. Тој ја има таа моќ. Наместо тоа, 25-те милиони луѓе на Северна Кореја се поизолирани од светот од кога било“.