МАРИЈАН СТОЈАНОСКИ ПО ВТОРПАТ СТАНА ТАТКО Пејачот откри како се вика синот (ФОТО)
Сопругата на пејачот, Наташа, на свет донесе машко дете, а гордиот татко објави дека синот ќе се вика Петар.
Македонскиот пејач Маријан Стојаноски по вторпат стана татко, а среќната вест ја сподели на својот профил на Фејсбук.
Сопругата на Маријан, Наташа, на свет донесе машко дете, а гордиот татко објави дека синот ќе се вика Петар.
„Добредојде синко Петар“, напиша Маријан на Фејсбук.
Маријан и Наташа во јули минатата година станаа родители на ќерката Вероника.
Маријан во 2019 година се сврши со Наташа Каранџулоска, а во 2020 се венчаа. Истата година им се роди ќерката која го доби името Вероника.
Маријан и Наташа беа долги години во врска пред да се венчаат, но својата врска секогаш ја чуваа далеку од очите на јавноста.
ФОТО: Фејсбук