СТРУЈА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА ЌЕ ИМА ЕСМ достави понуда на два тендера на ЕВН Хоме со цена од 41 евро мегават
Набавката се оденсува за потребите на ЕВН Хоме за периодот јануари - јуни следната година.
ЕСМ даде понуда на петтиот тендер на ЕВН Хоме за набавка на електрична енергија за периодот јауари-јуни 2022 година.
ЕВН Хоме распиша два тендери за набавка на струја во износ од 60 и 40 отсто од вкупните потреби за период од шест месеци.
На двата тендера ЕСМ понуди електрична енергија по цена од 41 евро за мегаватчас.
АД ЕСМ како најповолен понудувач ќе ги покрие вкупните планирани потребни количини на електрична енергија за корисниците кои се снабдувани од страна на Универзалниот снабдувач за првата половина од 2022 година.
Добиената купопродажна цена е за 13,6 отсто повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач за набавка на електрична енергија за периодот јули-декември 2021 година, кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 36,1 евро за мегаватчас за вкупните планирани потреби на ЕВН Хоуме како Универзален Снабдувач.