СЕ РЕФОРМИРАВМЕ ОДНАТРЕ, СЕГА СМЕ НА ПОБЕДНИЧКАТА ПАТЕКА Мицкоски бара избори
Ако поминавме 4 години за внатрепартиска трансформација и реформи, следат сега реформи и да ја вратиме Македонија онаму каде што ѝ е местото, а тоа е на победничките патеки, нагласи Мицкоски.
Уште кратко време ќе бидеме во опозиција и затоа инсистираме на брзи предвремени парламентарни избори затоа што народот треба да биде претставуван согласно тоа за што гласал, а народот гласал на последните локални избори за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, изјави денеска пред почетокот на 17. Конгрес на партијата, лидерот Христијан Мицкоски.
– Поминавме четири години како ВМРО-ДПМНЕ на реформи, на трансформација, што беше многу важно. Денеска после четири години, ВМРО-ДПМНЕ повторно е на победнички патеки. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ја има најголемата пратеничка група во парламентот, најголем број на градоначалници во општините, најголем број советници – рече Мицкоски.
Тој нагласи дека сиромаштијата е сѐ поголема, народот има проблеми со енергетиката, со струјата, економијата, не владее правото, криминалот и корупцијата се сеприсутни, здравството и образованието се катастрофа.
– Буквално на кој било план имаме многу лоша и траорна состојба во нашата Македонија – рече тој и порача јавноста внимателно да го следи неговиот говор во кој вети многу одговори на потенцијални прашања.
– Ако поминавме 4 години за внатрепартиска трансформација и реформи, следат сега реформи и да ја вратиме Македонија онаму каде што ѝ е местото, а тоа е на победничките патеки – нагласи Мицкоски.