ВРАТЕТЕ ЈА СТРУЈАТА ВО ЦЕЛАТА ЗЕМЈА Бислимоски апелира да се нормализира напојувањето

Знаеме дека веќе се преземаат сериозни активности, и дека во услови каде што има и снег, во одредени делови е вратено напојувањето со електрична енергија. Но, уште еднаш апелираме да се врати напојувањето на територијата на целата држава, рече Бислимоски.

2,433

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) апелира до мрежните оператори за електрична енергија да ги преземат сите мерки за враќање на нормалното напојување со електрична енергија во целата држава, изјави денеска за МИА претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Тој напомена дека веќе во одредени делови е вратено напојувањето со електрична енергија, но апелира да се преземат дополнителни мерки.






Знаеме дека веќе се преземаат сериозни активности, и дека во услови каде што има и снег, во одредени делови е вратено напојувањето со електрична енергија. Но, уште еднаш апелираме да се врати напојувањето на територијата на целата држава – рече Бислимоски.

Поврзани содржини