ЕЛМАС ВО ФОРМА Двоен стрелец во триумфот на Наполи во Лига Европа

291

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас со два гола придонесе вечерва во победата на Наполи на домашен терен над Лестер 3:2 (2:2) во завршното коло од групната фаза во Лига Европа со која италијанскиот тим обезбеди пласман во нокаут фазата.

Елмас, кој го одигра целиот натпревар, беше прецизен во 24. и 53. минута и дојде до бројката од четири постигнати голови сезонава во Лига Европа.






Со триумфот Наполи го освои второто место во групата Ц и обезбеди место во шеснаесетфиналето во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Поврзани содржини