ЛАЖНИТЕ ЕКО-БОРЦИ НЕМААТ ПРАВО ДА ОДЛУЧУВААТ ЗА НАС Жителите на Ново Маало бараат да запрат протестите

Сè ова го прават со цел политички да профитираат врз грбот на граѓаните, а особено на маката на нас, жителите на Ново Маало, и повторуваме дека нема да дозволиме да потпаднеме под нечии замки, порачуваат жителите на Ново Маало.

759

Жителите на Ново Маало јавно ги повикаа членовите на „Зелен хуман град“ да престанат да вршат притисок врз институциите како што се ОЈО, Општина Центар и Државната комисија за спречување корупција откако тие за денеска најавија протест пред Јавното обвинителство со кој бараат запирање на градежните активности на комплексот „Гранд“ на парцелата спроти „Холидеј Ин“, а во недостаток на каков било издржан аргумент и правен основ.

Сè ова го прават со цел политички да профитираат врз грбот на граѓаните, а особено на маката на нас, жителите на Ново Маало, и повторуваме дека нема да дозволиме да потпаднеме под нечии замки – порачуваат жителите на Ново Маало.






Тие потсетуваат дека тригодишниот мораториум во 2017 потпишан од тогашната претседателка на Советот на Општина Центар Јана Белчева е прогласен за неважечки од Уставниот суд во декември 2020 година, како и дека Министерството за транспорт и врски веќе еднаш се изјасни за инцијативата за суспензија на ДУП-от како неоснована.

– „Зелен хуман град“ и останатите лажни борци за екологија немаат апсолутно никакво право да одлучуваат во име на нашите имоти, ниту постои правен основ врз кој би можело да дојде до спречување на проектот. Во повикот за протест „Зелен хуман град“ наведуваат дека бараат распишување на меѓународен конкурс со кој ќе се гарантира зелено и хумано решение, меѓутоа ние, жителите на Ново Маало уште еднаш порачуваме дека веќе проектираното решение од страна на инвеститорот гарантира урбано и зелено домување за сите новомаалчани, но и фер обесштетување на сите нас кои со години живееме во тотално нехумани услови за живот – нагласуваат жителите на Ново Маало и порачуваат: „Ова мора да престане!“

Поврзани содржини