ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА ОД ПУТИН Русија ќе мора да реагира доколку НАТО ја премине „црвената линија“
На инвестицискиот форум во Москва, Путин рече дека се надева оти здравиот разум ќе надвладее на сите страни, но дека сака НАТО да биде свесен за загриженоста на Русија во однос на сопствената безбедност и во однос на Украина, пренесува Ројтерс.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе биде принудена да реагира доколку НАТО ги премине нејзините „црвени линии“ во однос на Украина.
Тој изјави дека Москва ќе го разгледа распоредувањето на одредени офанзивни ракетни капацитети на територијата на Украина како „активатор“.
На инвестицискиот форум во Москва, Путин рече дека се надева оти здравиот разум ќе надвладее на сите страни, но дека сака НАТО да биде свесен за загриженоста на Русија во однос на сопствената безбедност и во однос на Украина, пренесува Ројтерс.
– Ако некои ударни системи се појават на територијата на Украина, времето на летот до Москва ќе биде 7-10 минути, а пет минути во случај на употреба на хиперсонично оружје. Само замислете го тоа – рече Путин.
– Што треба да правиме во такво сценарио? Тогаш ќе треба да направиме нешто слично во однос на оние кои ни се закануваат на тој начин. А ние можеме да го направиме тоа сега – вели претседателот на Русија.
Според него, Русија штотуку успешно тестирала хиперсонична ракета која ќе биде во употреба на почетокот на новата година и која има време на лет од 5 минути и брзина девет пати поголема од брзината на звукот.
– Создавањето такви закани (во Украина) претставува црвени линии за нас. Но, се надевам дека тоа нема да се случи. Се надевам дека чувството за здрав разум и одговорност ќе надвладее и во нашите две земји и во светската заедница – рече Путин.
Рускиот претседател нагласи дека Русија ја оправдала загриженоста за, како што вели, фактот што големи вежби се изведуваат во близина на нејзините граници, вклучително и непланирани, како што беше неодамна во Црното Море, кога стратешките бомбардери летаа на 20 километри од руските граници.