Двајца македонски царински службеници се суспендирани, а нивниот шеф ќе биде казнет, откако внатрешната контрола на Царинската управа утврдила дека на 18 ноември, од страна на царинските службеници, електронски не е евидентиран излезот на возилото со регистарски таблички СК0284БА на превозникот „Беса транс“ од Скопје, а извршена е само заверка на евидентнтиот лист за превоз на патници.
За досега утврдените неправилности во постапувањето, за двајца царински службеници кои биле на смена кога возилото излегло од државата, ќе бидат преземени мерки суспендирање од работното место, а за нивниот непосреден раководител ќе следи мерка за санкционирање, соопшти Царинската управа.