ФИЛМОТ „СЕВЕРЕН ПОЛ“ ЖНЕЕ УСПЕСИ Квалификација за Оскар и номинација за Европски филмски награди

По премиерата во официјалната селекција во Кан, филмот „Северен пол” учествуваше на повеќе од 20 интернационални фестивали во светот.

558

Краткиот филм „Северен пол“ на македонската режисерка Марија Апчевска-Петровска се квалификува за Оскар и доби номинација за Европски награди, откако на 63. издание  на Интернационалниот фестивал на документарен и краток филм ЗИНЕБИ во Билбао, Шпанија ја освои Големата награда.

На истиот фестивал филмот „Северен пол” ја доби и номинацијата за Европските филмски награди (EFA), соопшти продуцентот „Кино око“.






По премиерата во официјалната селекција во Кан, филмот „Северен пол” учествуваше на повеќе од 20 интернационални фестивали во светот.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Биљана Гргур, дизајн на шминка Горан Игњатовски, монтажер Драган Вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуча, кастинг Кирија А. Николоска.

Продуцент е Роберт Насков, а копродуценти Милош Љубомировиќ од Сервиа Филм и Миодраг Поповиќ од Форгрејд од Србија и Петер Шекереш од Тиволи продукција од Унгарија.

„Северен пол” е финансиски е подржан од Агенцијата за филм и Српскиот филмски центар.

 

Поврзани содржини