СПИРОСКИ МУ ПРЕСУДИ НА ВАРДАР ВО 92 МИНУТА Кратовци забрзано итаат кон првата лига (ВИДЕО)
Натпреварот заврши со резултат 1:2 во корист на Силекс на гостувањето против Вардар.
Кратовскиот фудбалски клуб Силекс веќе со крупни чекори оди кон врвот на втората македонска фудбалска лига и навестува дека уште во следната сезона повторно ќе се најде во првата лига во друштво со најдобрите македонски клубови.
Потврда за таквата цел на кратовчани пристигна денеска на натпреварот против скопски Вардар, кога Благоја Спироски во 92 минута ја смести топката во голот на вардарци и му донесе три бода на својот клуб.
Натпреварот заврши со резултат 1:2 во корист на Силекс на гостувањето против Вардар.
Во продолжение, погледнете го голот на Спироски: