ТЕПАШЕ РОМ ДОДЕКА ГО АПСЕШЕ Полициските синдикати сега бараат да не оди во затвор
Синдикатите тврдат дека Основниот кривичен суд од Скопје му изрекол неправедна и драконска казна на полицаецот од Битола поради инцидентот со припадник на ромската заедница од септември минатата година.
Полицискиот синдикат и граѓанската иницијатива за поддршка на полицаецот Гоце Петковски од СВР-Битола побараа ослободителна пресуда за него. Тие организираа протестен марш од Широк Сокак до судот во Битола.
Според нив, Основниот кривичен суд од Скопје му ја изрекол неправедна и драконска казна на полицаецот од Битола поради инцидентот со припадник на ромската заедница од септември минатата година.
Петковски е осуден на 1 година затвор за малтретирање во вршење на службата откако во септември лани на социјалните мрежи беа објавени снимки на кои тој применува физичка сила врз Ром од Битола кој под дејство на алкохол претходно со возило удри во бандера во близина на битолската пошта.
– Не може некој за убиство на човек да биде осуден 6 или 7 месеци, а некој поради ништо на една година затвор. Во Битола се обединуваат сите синдикати и отпочнуваме една сериозна синдикална битка зашто ни е дојдено преку глава – рече Гоце Делчев Тодев, претседател на Независниот синдикат на полицијата.
Синдикатите сметаат дека судот не ги зел предвид доказите кои се во полза на полицаецот. Најавуаат дека ќе поднесат иницијатива за пормена на Законот за кривична постапка за полициските лица вработени во МВР и затворите да не се гонат како за организиран криминал.