СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ НА „НАЈЖЕШКАТА“ РУСОКОСА ВО ХОЛИВУД Погледнете како изгледа денес (ФОТО)
Ким Бесинџер ќе остане една од најубавите актерки во Холивуд. Денес, ретко кој може да ја види во јавноста.
На почетокот на 70-те Ким Бесинџер красела многу насловни страници од познати магазини и заработувала над илјада долари дневно.
Преселувањето во Лос Анџелес и едиторијалот во магазинот „Плејбој“ ѝ донел слава во Холивуд, а кога станала девојката на Бонд – немало враќање назад.
Оттогаш до денес Ким Бесинџер (67) се прославила во многубројни улоги, од фатална заводничка, до разни трилери и акциски филмови.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Таа за филмот „Доверливо од ЛА“ го добила и својот прв Оскар за споредна улога. Беше и Бонд-девојка на партнерот Шон Конери, а секако најзапаметена ќе остане по нејзината улога го кулниот филм „Девет и пол недели“ покрај тогашниот најголем заводник Мики Рурк.
Нејзиниот приватен живот е тоа што ја интригираше јавноста. Ким беше во турбулентен брак со Алек Болдвин кој заврши со развод и борба околу старателството за нивната ќерка Ајрленд Болдвин.
Денес тоа е зад нив, а Ким ретко се појавува во јавноста, додека пак, последното снимање го имала во 2018 година. Тоа бил планетарниот хит „50 нијанси сиво“ во кој толкуваше посесивна средовечна заводничка која го заведе главниот јунак Кристијан Греј и го научи на сексуални игри.
View this post on Instagram