ПАНИКА ВО ТУРЦИЈА! Состојбата на Ердоган лоша, имал мозочен удар? Гласините кружат по овие снимки (ВИДЕО)

Имено, во средата на социјалните мрежи започнаа гласини дека тој имал мозочен удар и дека е примен во болница. Некои дури тврдеа дека тој починал.

7,077

Една вест привлече големо внимание кај турската и светската јавност, бидејќи се појавија шпекулации дека претседателот Реџеп Таип Ердоган е во лоша здравствена состојба.

 






Имено, во средата на социјалните мрежи започнаа гласини дека тој имал мозочен удар и дека е примен во болница. Некои дури тврдеа дека тој починал.

Членот на Републиканската народна партија од левичарската ориентација, Ајкут Ердоган, кој е и пратеник во турскиот парламент, тврди дека апликацијата „Ватсап“ почнале да кружат пораки за здравјето на турскиот претседател и дека тој имал мозочен удар во вторникот вечерта и бил сместен во болница.

Гласините дополнително се разгореа со видео на кое се гледа дека Ердоган тешко оди.

 

Меѓутоа, портпаролот на Ердоган, Фахретин Алтун, среде тие гласини, објави видео на Твитер како турскиот претседател без помош излегува од лимузината, а тој ги демантираше наводите од социјалните мрежи.

– Верувајте им на пријателите, плашете се од непријателот – изјавил Алтун во описот на видеото.

 

Тој сепак се појави

Наводите дека Ердоган е во лоша здравствена состојба беа демантирани со објавата од официјалниот Твитер профил на претседателот на Турција.

Имено, објавена е фотографија од средбата на првиот човек на Турција со амбасадорите и генералниот секретар на Советот на Турција.

Постапка против 30 лица

Турските власти покренаа правна постапка против 30 лица бидејќи објавиле на Твитер преку објави за наводната смрт на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Поврзани содржини