ПРИФАТЕНО ОБВИНЕНИЕТО ЗА „ПОШТЕНСКА БАНКА“ Обвинети се деветмина за злоупотреба на службената положба
Обвинетите се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувања, како и за перење пари.
Кривичниот суд информира дека обвинението за случајот „Поштенска банка“, предмет кој го отвори СЈО, е одобрено во целост и наскоро се очекува да почне судењето.
Обвинетите се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувања, како и за перење пари.
Во овој судски предмет обвинети се деветмина, меѓу кои и поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитров, бизнисменот Томе Главчев, како и Коле Смилевски, Викица Поповски, Гкеоргки Каратолис, Зоранчо Митревски, Влатко Димитровски, Зоран Шуклев и Венци Шуклев.
– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ги следат јавните расправи во Основниот кривичен суд Скопје, ја информираме јавноста дека Обвинителниот акт со КОК – ооа 60/20 поврзан со „Поштенска банка“ против 9 лица обвинети за кривичните дела Злoупотреба на службена положба и овластување, како и перење пари и други приноси од казниво дело, по одржана седница на советот за оценка, донесено е решение со кое обвинението се одобрува во целост – велат од Кривичниот суд.