ДАЛИ ЦЕЛ ЖИВОТ ПОГРЕШНО СЕ ПРСКАМЕ? Како се нанесува парфемот за да трае цел ден
Нанесете го парфемот директно на кожата и избегнувајте триење на зглобовите, бидејќи тоа може да предизвика пукање на молекулите на парфемот, со што тој ќе „бледее“ многу побрзо отколку што треба.
Ви претставуваме неколку трикови кои ќе се погрижат мирисот од парфемот да ви трае што подолго.
Ставете го на местата каде што се мери пулсот
Повеќето луѓе само ги прскаат зглобовите, но ако нанесете парфем на пулсните точки, вашиот мирис ќе трае уште подолго. Значи, испрскајте го парфемот на тилот, зглобовите, јамата на лактот и задниот дел од коленото (да, добро прочитавте). Ова функционира поради фактот што тие делови од телото се природно потопли, што го активира мирисот и го ослободува во текот на денот.
Усогласете ги вашите производи
Многу луксузни парфеми имаат соодветни гелови за туширање, креми за тело и раце и разни други производи. Ако обожавате мирис и сакате тој да трае цел ден, инвестирањето во овие производи изгледа како добра идеја.
Избегнувајте триење на зглобовите
Нанесете го парфемот директно на кожата и избегнувајте триење на зглобовите, бидејќи тоа може да предизвика пукање на молекулите на парфемот, со што тој ќе „бледее“ многу побрзо отколку што треба.
Исто така, парфемот трае подолго на мрсна кожа. Експертите предлагаат да го нанесете после туширање и не заборавајте лесно млеко за тело пред прскање за да помогне мирисот да се „лепи“ за кожата.
Чување на парфемот
Британскиот експерт за парфеми Џони Вебер вели дека само 16% од жителите на Островот ги чуваат своите шишиња парфеми правилно.
– Најбрзиот начин вашиот мирис да ја изгуби својата специфична арома и полека но сигурно да почне да бледее е да го држите шишенцето парфем на светло. Постојаната светлина е сигурен начин мирисот на парфемот да почне да бледее. Најдобар начин да го зачувате мирисот е да го чувате шишето во шкаф и да го консумирате од моментот кога ќе го отворите, најдоцна во рок од две години – рече тој.