ПОВРЕДЕН ГРАЃАНИН СПАСЕН НАД МАЛОВИШТА Лицето е пренесено во болница
ДЗС, како што информираа оттаму, веднаш го мобилизирал Тимот за брз одговор за спасување од планина.
По телефонска дојава од дежурната служба на СВР Битола до Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) на 31 октомври 2021 година е побарано спасување на повредено лице.
ДЗС, како што информираа оттаму, веднаш го мобилизирал Тимот за брз одговор за спасување од планина.
– Лицето беше пронајдено од другата страна на планината кон преспанскиот дел под манастирот „Свети Спас“ над селото Маловишта. Пружена му е прва помош и со санитетско носило е транспортирано во ургентното одделение при клиничката болница на Битола. Лицето е во стабилна состојба и не е во животно загрижувачка состојба – соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.