ШОКАНТЕН ИНЦИДЕНТ ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ Ученици играле во скутот на директорот и професорите! (ФОТО)
Директорот е прилично строг, па тоа ме изненадува. Кога некој ученик доаѓа на училиште во краток фустан, тој го вози дома да се преоблече, истакнува Сизмор кој е член на независниот училиштен одбор.
Средно училиште во Кентаки е под истрага откако во јавноста протекоа фотографии од училишна претстава на која се гледаат ученици како танцуваат во скутот на професорите и директорот, кој е и градоначалник на нивниот град.
Фотографиите ја шокираа јавноста кога еден корисник на Твитер ги сподели од Фејсбук страницата на средното училиште Хазард, по што училиштето ги избриша сите докази од социјалните мрежи.
На фотографиите се прикажани ученици облечени во келнерки од „Хутерс“ кои носат пијалаци како пиво во рацете, додека на други фотографии се прикажани ученици во мрежести чорапи и здолништа како танцуваат во скутот на еден професор и на директорот на училиштето Доналд Мобелини.
На фотографиите се гледа и како учениците се удираат по задникот.
– Инцидентот е под истрага и, како што знаете, навистина не можам да зборувам за сè што е под истрага – изјави претставничката на училиштето Сузан Комбс за Луисвил Куриер Журнал.
Spread everywhere. The people responsible must be held accountable! https://t.co/3hBAbHMZd2
— Libs of Tik Tok (@libsoftiktok) October 27, 2021
– Кога ќе заврши истрагата, ќе бидат преземени соодветни мерки – додаде таа.
Астер Сизмор, член на независниот училиштен одбор изјави дека во вторникот бил во училиштето, но не и на спорниот настан.
– Директорот е прилично строг, па тоа ме изненадува. Кога некој ученик доаѓа на училиште во краток фустан, тој го вози дома да се преоблече – истакнува Сизмор.
More images: Students dressed in Hooters costumes and bikinis. They also took turns paddling each other. pic.twitter.com/cp7ucK7VGE
— Libs of Tik Tok (@libsoftiktok) October 27, 2021
Во 2008 година, Мобелини, наводно, двапати бил под истрага за инцидент со алкохол во кој биле вклучени и ученици.
Во еден случај на интернет се појавија фотографии од него како вози ученици откако пушеле и пиеле алкохол, а во друг случај полицијата ги фатила учениците како пијат на училишното игралиште неколку моменти откако директорот ги оставил.
Мобелини во никој случај не бил обвинет дека направил нешто погрешно „бидејќи не бил свесен за алкохолизмот“, се наведува во информацијата.