АМЕРИКА ЌЕ ГО БРАНИ ТАЈВАН АКО КИНА НАПАДНЕ Бајден се фали со „најмоќната војска во светот“
„Секој обид на Пекинг да си го врати островот со сила би бил ужасна, тешка задача. Ова не значи дека тоа никогаш нема да се случи, но кинескиот лидер кој ќе го нареди нападот фактички ќе поддржи да се борат Хан-Кинези со Хан-Кинези во крвава братска војна и идеолошки конфликт кој ќе се води со високотехнолошкио смртоносно оружје“, вели дописник за Би-Би-Си.
САД ќе го брани Тајван во случај Кина да нападне, изјави американскиот претседател Џо Бајден и ја разбранува светската јавност. Оваа решителност на Белата куќа дека е „обврзана да го направи тоа“ доаѓа по години молк меѓу двете страни, а неизвесно е како Кина ќе одговори на фрлената ракавица, пишува Би-Би-Си.
И покрај смелите зборови на Бајден, портпаролот на Белата куќа ги уверуваше медиумите дека нема да има смена во американската надворешна политика. „Стратешката двосмисленост“ на САД наспроти „Една Кина“ се разгорија и по сознанието дека Кина тестирала хиперсонична ракета, а еден од новинарите на Си-Ен-Ен побара од Бајден „да вети дека ќе го заштити Тајван“.
– Да и да – потврдно одговори Бајден за ракетата и за заштитата, додавајќи дека нема потреба „да се грижиме дали тие ќе бидат помоќни“, бидејќи „Кина, Русија и остатокот од светот знаат дека сме најмоќната војска во историјата на светот“.
Не е прв пат Бајден да се истрча со изјави, а потоа портпаролите да ја смируваат топката. Во август годинава, Бајден го сугерираше истиот став за Тајван во интервју за ABC News. Белата куќа, исто така, тогаш рече дека американската политика кон Тајван не е променета.
Како реагираа Тајван и Кина?
Од претседателската канцеларија на Тајван соопштија дека нема да попуштат под притисок ниту од „брзиот напредок“ кога ќе добие поддршка.
„Тајван ќе покаже цврста решеност да се брани“, рече претседателскиот портпарол Ксавиер Ченг, кој го уважи континуираното покажување на „како карпа цврста“ поддршка на Тајван од страна на администрацијата на Бајден.
Кина сè уште не одговорила. Но, претходно во четвртокот, пред градското собрание на Бајден, кинескиот амбасадор во ОН Џанг Џун ги обвини САД дека „преземаат опасни дејствија, водејќи ја ситуацијата во Тајванскиот теснец во опасна насока“.
Тензиите се зголемуваат меѓу Тајван и Кина во последните недели, откако Пекинг леташе со десетици воени авиони во тајванската воздушна одбранбена зона.
Зошто Кина и Тајван имаат лоши односи?
Кина и Тајван беа поделени за време на граѓанската војна во 40-тите години од минатиот век. Оттогаш Тајван тврди дека е независна земја, но Кина го гледа Тајван како отцепена провинција која ќе биде вратена во одреден момент, па и со сила ако е потребно.
Како се управува со Тајван?
Островот има свој устав, демократски избрани лидери и околу 300.000 активни војници во неговите вооружени сили.
Кој сè го признава Тајван?
Само неколку земји го признаваат Тајван. Повеќето наместо тоа ја признаваат кинеската влада во Пекинг. САД немаат официјални дипломатски врски со Тајван, но му продаваат оружје како дел од Законот за односи со Тајван, во кој се наведува дека САД мора да му обезбедат на островот средства за одбрана.
Кина тешко дека ќе ризикува да влезе во Тајван
„Со сите неодамнешни разговори за војна за контрола на Тајван, важно е да се запамети неколку работи“, вели Стивен МекДонел, дописник за Би-Би-Си до Кина. „Секој обид на Пекинг да си го врати островот со сила би бил ужасна, тешка задача. Ова не значи дека тоа никогаш нема да се случи, но кинескиот лидер кој ќе го нареди нападот фактички ќе поддржи да се борат Хан-Кинези со Хан-Кинези во крвава братска војна и идеолошки конфликт кој ќе се води со високотехнолошкио смртоносно оружје“.
Дури 24 милиони Тајванци ќе се бунат на кинеска окупација
Потоа, по заземањето на Тајван, исто така, би имало незначителен предизвик да се задржи контролата врз територијата каде огромното мнозинство од 24 милиони жители се противат на владеењето на Комунистичката партија.
Ако влезе Кина, на помош ќе дојдат и Австралија и Јапонија
Освен што е одговорен за сето ова, лидерот кој наредил таква офанзива ќе биде одговорен и за предизвикување масовна регионална нестабилност, потенцијално привлекувајќи трупи од Соединетите Држави, како и од други земји како Австралија или дури и Јапонија.
Си Џинпинг очигледно би сакал повторно да го обедини Тајван со кинеското копно под негово водство, но кога ќе го соберете сето ова на купче, ќе видите колку се високи влоговите.