НИКОЈ НЕ ГО ВИДЕЛ ДВЕ ГОДИНИ Џек Николсон се појави во јавност (ФОТО)
Николсон последен пат беше фотографиран во јавност во јануари 2020 година, кога исто така присуствуваше на натпреварот на Лејкерси.
Холивудската икона Џек Николсон беше виден во јавноста, по речиси две години, во вторникот, 19 октомври, на натпреварот на Лос Анџелес Лејкерс.
Актерот (84) седеше со својот син Реј (29) во публиката на отворањето на сезоната ЛА Лејкерс, чиј инаку е голем обожавател, против Голден Стејт Вориорс.
View this post on Instagram
– Џек изгледаше среќен што се врати! – изјавил извор за „E! Њуз.“ Покрај славниот актер, на натпреварот присуствувале Адел, Ашер, Џастин Бибер, Кевин Харт, Џејмс Корден, Лил Вејн и други.
Николсон последен пат беше фотографиран во јавност во јануари 2020 година, кога исто така присуствуваше на натпреварот на Лејкерси.
Неговиот последен филм беше „Како знаеш“, од 2010 година, во кој глумеше со Рис Витерспун, Пол Руд и Овен Вилсон.
Иако оскаровецот во последните неколку години беше виден во јавноста – на доделувањето на наградите и во шоуто „Saturday Night Live“ од 2015 година, тој живее релативно затскриен живот.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм