НАЈМОЌНИОТ АНТИБИОТИК НА СВЕТОТ Мед и куркума, лек за 160 состојби

Овој природен антибиотик влијае на 700 гени во нашето тело и лечи повеќе од 160 здравствени проблеми.

2,995

Во моментов, куркумата е еден од најчесто користените зачини во светот. Луѓето најчесто го користат во кујната заради неговиот уникатен вкус, но со векови се користи во ајурведската медицина. Исто така, уникатна е и неговата боја. Освен за готвење, луѓето го користат и за рани, проблеми со стомакот, мали исеченици и повреди на мускулите.

Бројни научни студии ги потврдија придобивките што ги има куркумата за нашето здравје. Овој зачин содржи активно соединение наречено куркумин, кое може да го намали воспалението, но и да ги излечи дигестивните проблеми.

Според некои експерти, куркуминот исто така може да помогне во превенцијата на рак. Тој е полн со антифунгални и антибактериски својства кои можат да ни помогнат во борбата против многу болести.

Истражувањата покажуваат дека куркуминот може да им помогне на клетките да преживеат тешко воспаление. Исто така, ја штити ДНК. Влијае на 700 гени во нашето тело и лечи повеќе од 160 здравствени проблеми. Неговите антиинфламаторни својства можат да ни помогнат да излечиме состојби како што е остеоартритис.

Многу експерти тврдат дека куркумата може да ни помогне во лекувањето на проблеми со црниот дроб, проблеми со дишењето, автоимуни нарушувања и невролошки проблеми. Содржи соединение наречено турмерик, кое исто така може да послужи како природен лек против Алцхајмерова болест. Може да ја подобри функцијата на мозокот и да ги поправи мозочните клетки.

Многу силните антиоксидантни и антиинфламаторни својства на куркумата можат да помогнат во лекувањето на многу видови на рак, како што се: рак на желудникот, градите, белите дробови, црниот дроб и дебелото црево. Овој пронајдок е одличен бидејќи ги остава здрави клетки недопрени и влијае само на малигните клетки. За посериозни случаи се препорачува редовно земање на  тинктура од куркума која има повисока концентрација на куркумин во себе. Куркумата има подобар ефект кога се комбинира со мед и црн пипер. Оваа комбинација може да помогне во борбата против многу бактерии и ќе ги зачува добрите бактерии во цревата.

Рецептот за подготовка на оваа моќна мешавина побарајте го на порталот „Арт кујна“.

Фотографијата е од ТУКА.

Поврзани содржини