НЀ ОЧЕКУВА ПОТОПЛО И СУВО ВРЕМЕ Уште денеска облачно и дождливо

Потопло, суво и стабилно време нѐ очекува од утре, кога температурите ќе почнат да растат. 

2,578

Претежно облачен со повремени локални дождови ќе биде денешниот ден, а температурите ќе се движат од 4 до 9, односно од максимални 7 до 16 степени. Во Скопје повремено ќе дува северен ветер, а максимумот ќе достигне 10 степени.

Потопло, суво и стабилно време нѐ очекува од утре, кога температурите ќе почнат да растат.






Утринава сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, јавува АМСМ. Сообраќајот надвор од градовите е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сепак, возачите треба внимателно да возат, особено на премините низ клисурите каде можат да се јават одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини