СИ КОРНАТ КОСА, СИ ИСТУРААТ БЕЛИЛО ВО ОЧИ… Кои се најопасните предизвици на младите денес?

Експертите, како и компанијата TикТок, предупредија на опасноста од трендот меѓу младите, но и не толку младите, а тоа е кубењето на прамен коса, нагласувајќи дека оваа постапка го одделува скалпот од черепот. Не помалку опасен предизвик е и скокањето од прозор, затегањето ремен околу вратот, ...

502

Во последниве години, сѐ почесто слушаме дека некое дете или млад човек се тешко повредени во обид да одговорат на некој предизвик на социјалните медиуми.

Синиот кит, интернет предизвик што ги натера децата да извршуват самоубиства, е заменет со социјалната мрежа „Тик Ток“ каде тинејџерите, но и помалите деца, за да излезат „кул“ без размислување, се согласуваат да се искачат на големи височини, прават склекови на улица, скокаат од зграда, се дават сами себе, си истураат белило во очите, си корнат прамени коса и уште многу други опасни глупости.






Еден од актуелните трендови е кубењето на прамен од косата при што се слуша силен звук на пукање. Станува збор за постапка која го оделува скалпот од черепот и тоа е всушност причината зошто се слуша пукањето. Овој тренд го изведуваат повозрасни тинејџери, но и млади возрасни луѓе.

Некои корисници на ТикТок кои го пробале тврдат дека пукањето на скалпот ги ослободило од главоболките и мигрената и дека не гледаат ништо лошо во тоа.

Пластичните хирурзи предупредуваат дека на овој начин може да дојде до повреда и да се предизвика крварење на главата, а и дерматолозите исто така укажуваат на последиците што може да ги предизвика овој опасен тренд.Односно, загрижени се затоа што ова ќе го оштети фоликулот, односно живиот дел од косата. Пукањето на скалпот пак, може да предизвика воспаление и да создаде лузни.

Целиот текст и листата од најопасните предизвици досега прочитајте ги на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Unsplash

Поврзани содржини