АМЕРИКА ПРЕПОРАЧА БУСТЕР ДОЗА СО МОДЕРНА Препораката е за три групи на луѓе
Препораката е со Модерна да се вакцинираат постари од 65 години, лица на возраст меѓу 18 и 64 години кои се под поголем ризик да развијат тешка форма на ковид-19 и за тие чија работа може да вклучува честа изложеност на вирусот.
Американското стручно тело препорачале трета доза да биде со вакцината на Модерна за одредени ризични групи Американци, еден месец по одлуката за бустер доза со Фајзер/Бионтек.
Мислењето кое е доставено од советодавното тело на Управата за храна и лекови (ФДА), составено од научници, епидемиолози и експерти за заразни болести, не е обврзувачко, но ретко ФДА не ги прифаќа неговите препораки.
По еднодневна расправа експертите одлучиле да одобрат третата доза да биде со вакцината на Модерна за три категории луѓе: постари од 65 години, лица на возраст меѓу 18 и 64 години кои се под поголем ризик да развијат тешка форма на ковид-19 и за тие чија работа може да вклучува честа изложеност на вирусот.
Последната категорија ги вклучува здравствените работници, вработените во супермаркет, затворениците и лицата во засолништата за бездомници.
Истите дефиниции се усвоени и за вакцинацијата со трета доза со вакцината Фајзер.
Бустер дозата со Модерна може да биде најрано шест месеци по втората доза на вакцина на Модерна.
Речиси 70 милиони Американци целосно се вакцинирани со Модерна.
Претставниците на Модерна велат дека бустер дозата може да помогне во борбата против делта варијантата на вирусот, која во моментов е доминантна.