СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ БАКИНГEМСКАТА ПАЛАТА Принцот Хари и Меган донесоа изненадувачка одлука, сите се во шок

Кралицата Елизабета сѐ уште не ја запознала нејзината правнука, која го добила името по нејзиниот прекар со кој ја викале само најблиските луѓе.

2,035

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл нема да ја крстат својата ќерка Лилибет во Велика Британија, затоа што церемонијата ќе се одржи во Калифорнија, истакнуваат извори блиски до парот.

Информацијата ја потврдија и извори од Бакингемската палата. Затоа, Лилибет нема автоматски да биде член на Англиската црква бидејќи ќе се крсти во Соединетите држави. Нејзиниот постар брат Арчи беше крстен во 2019 година во капела во Лондон.






Лилибет Дијана Маунтбаден-Виндрор е родена на 4 јуни оваа година, и иако се шпекулираше дека славниот пар ќе ја крсти својата ќеркичка пред нејзината прабаба, кралицата Елизабета, се чини дека се премислиле.

Кралицата Елизабета сѐ уште не ја запознала нејзината правнука, која го добила името по нејзиниот прекар со кој ја викале само најблиските луѓе. По најновите вести, почна да се поставува прашањето дали кралицата некогаш ќе се сретне со нејзината правнука.

Хари и Меган требаше да дојдат во Велика Британија со своите деца следната недела за да присуствуваат на прославата како дел од отворањето на споменикот на принцезата Дијана, но се чини дека тие се предомислија и за тоа.

Инаку, Меган и Хари пред неколку дена беа на службено патување во Њујорк, каде што се сретнаа со неколку политичари, одржаа говори и учествуваа на настанот „Global Citizen“. Познатата двојка се најде на удар на критичарите затоа што на почетокот на минатата година се откажаа од сите кралски должности и се однесуваат како да сѐ уште се во должност на британското кралско семејство.

Некои веруваат дека снимаат документарен филм како дел од нивниот милионски договор со Нетфликс. Хари ја откри жицата што ѕиркаше под неговата кошула во еден момент, и сите беа убедени дека тоа е микрофонот што принцот го криеше под неговата облека.

Кралската двојка се обидува да продолжи со холивудска кариера откако јавно објави дека поднесува оставка од сите кралски должности.

Инаку војводата и војвотката од Сасекс влегоа сериозно во светот на финансиите, станувајќи партнери во фирма за одржливи инвестиции во Њујорк.

Принцот Хари и Меган Маркл се приклучија на Фондот „Етика“, кој ги советува богатите клиенти како да ги вложуваат своите пари поодржливо, давајќи им приоритет на прашањата околу климатските промени и човековите права. Двојката веќе вложи во фондот, кој управува со средства од 1,3 милијарди долари.

Компанијата рече дека двојката ќе им помогне „да стигнат до милиони луѓе ширум целиот свет“. Во интервју за „Њујорк тајмс“, поранешната глумица Меган вели дека тоа е благородно и фантастично.

– Мојот сопруг со години вели: Боже, зарем не сакаш да имаш место каде што можеш да ги вложиш своите пари во вредностите во кои веруваш? – изјави таа.

Хари рече дека се надеваат дека вака ќе охрабрат што повеќе – особено млади луѓе да ги вложат своите пари во одржливост.

Одржливите вложувања добија популарност последново десетлетие, благодарение, во голема мера, на тн. „милениумци“. Во САД, новите инвестиции во етички фондови се зголемија на 51 милијарда американски долари последниве неколку години.

Поврзани содржини