ДЕСЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА МАКЕДОНЕЦ ВО БУГАРИЈА Шверцувал четири тони марихуана на граница

Нашинецот ги носел четирите тони марихуана во 17 пакувања, а требало да заработи 17.050 лева, или приближно 8 ипол илјади евра, а делото го извршил на 28 март годинава. Тричлениот судски совет го осуди лицето со почетен „строг“ режим на издржување десетгодишна затворска и парична казна.

873

Десет години затвор и 50.000 евра казна доби македонски државјанин кој шверцувал 4.260 килограми марихуана на преминот Ѓуешево на границата со Бугарија, јавува дописник на МИА од Софија. Судот во Ќустендил се водел од бугарскиот закон за наркотици, а нашиот државјанин е ставен во притвор и конфискуван му е автомобилот со кој ја транспортирал дрогата.

Нашинецот ги носел четирите тони марихуана во 17 пакувања, а требало да заработи 17.050 лева, или приближно 8 ипол илјади евра, а делото го извршил на 28 март годинава. Тричлениот судски совет го осуди лицето со почетен „строг“ режим на издржување десетгодишна затворска и парична казна.






Обвинетиот се изјасни за невин, а неговиот адвокат се изјасни за ослободителна пресуда. Заменик-окружниот обвинител на Ќустендил, Ивајло Илиев побара пресуда и поголема казна, онаква близу просечната сума за ова дело – „затвор“ во траење од 12 ипол години и парична казна од 150.000 лева (75.000 евра).

Казната може да се намали во рок од 15 дена.

Поврзани содржини