ТЕПААТ МИГРАНТИ И ГИ БРКААТ ОД ХРВАТСКА Ново вознемирувачко видео крена прашина, а коментарите на социјалните мрежи се срамни (ВИДЕО)
На видеото може да се слушне и види, како еден од маскираните лица како го тепа мигрантот и вика по него: „Оди во Босна“.
Најновото видео во кое луѓе со фантомки и палки тепаат мигранти и им велат „go to Bosnia“ (Oди во Босна), повторно ја вознемири хрватската јавност.
Во емисијата Потрага на хрватскиот канал РТЛ вчера беше објавена вознемирувачка снимка на која може да се видат и слушнат маскирани лица како тепаат мигранти, кои испуштаат болни крици и насилно ги насочуваат преку притоката на реката Коране од територијата на Хрватска до територијата на Босна и Херцеговина.
Истото видео беше објавено од холандската истражувачка новинарска мрежа „Lighthouse Reports“ и некои од водечките европски медиуми кои исто така учествуваа во истражувањето.
На видеото може да се слушне и види, како еден од маскираните лица како го тепа мигрантот и вика по него: „Оди во Босна“.
Инаку, тоа е снимка направена во јуни годинава за време на осуммесечно истражување во која тимот на РТЛ учествуваше и со колеги од Холандија, Швајцарија, Германија, Австрија, Франција …
Истражувачките новинари Клас ван Дијкен и Ламија Сабиќ го снимија овој настан со камера во близина на градот Штурлиќ од босанско-херцеговска страна.
Министерот за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, изјави денеска дека не може конкретно да го коментира видеото, но дека директорот на полицијата формирал тим кој денес е веќе на терен со задача да утврди што точно се случило и кој учествувал во овој случај.
На прашањето дали и тој е одговорен доколку снимката се покаже како автентична, Божиновиќ одговори со прашањето: „Зошто тоа би била моја лична одговорност?“.
Тој исто така рече дека никој нема упатства за употреба на сила.
„Само тепај, и јас би го сторил тоа“
По објавувањето на вознемирувачкото видео, бројни граѓани се огласија на социјалните мрежи.
Мал дел од коментарите го осудуваат нападот врз мигрантите, додека повеќето го одобруваат, па дури и го слават на овој или оној начин.
„Браво, полиција!“ бројни граѓани напишаа на Фејсбук, под услов да има и такви кои веруваат дека тие не се полицајци на видеото и дека сѐ е наместено. Ниту еден од нив нема проблем со тепање мигранти и илегално враќање назад во БиХ.
„Поддршка за маскираните луѓе“, „Само јако!“, „Само тепај и јас би го сторил тоа“, „Честитки за хрватското Министерство за внатрешни работи“, „Паметно е што се сетиле да ги отстранат обележјата и да стават фантомки, чиста поддршка, момци“, се некои од коментарите што може да се најдат на Фејсбук.