ШТЕДЛИВАТА ВОЈВОТКА Кејт Мидлтон се појави во фустан од 1.200 денари (ФОТО)
Војвотката сега се појави на Универзитетот во Лондон во фустан што често го носеше минатата година.
Без разлика дали е на црвениот тепих, тениски натпревар или, како и сега, во посета на универзитет, војвотката од Кембриџ секој пат ги воодушеви сите со својот избор на облека.
Досега, Кејт Мидлтон се појавуваше и во скапи и во достапни тоалети, поради што дамите особено ја сакаат, а често се случуваше одредени модели да се распродадат речиси преку ноќ откако ќе ги облече војвотката.
Таа сега се појави на Универзитетот во Лондон во фустан што често го носеше минатата година, поради што многумина рекоа дека таа повторно го оправда прекарот „штедлива војвотка“.
View this post on Instagram
Станува збор за модел од „Зара“ кој чини само 17 фунти, односно околу 1.200 дeнари, а кој сега може да се купи само преку интернет и тоа по многу повисока цена. Сивиот кариран фустан со миди должина е идеален за овој преоден период, а она што му дава посебен шарм е јаката која се врзува, како и долниот плисиран дел, поради што нејзината фигура дојде до уште поголем израз.
Стајлингот го надополнила со сиви салонки, кои ги поседува од 2016 година и кои многу често ги носи и комбинира, додека од накит имала само часовник и едноставни обетки.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм