ПРИСТИГНАА УШТЕ 97 БЕГАЛЦИ ОД АВГАНИСТАН Американскиот НДИ ќе ги плати трошоците за сместување
По слетувањето беше спроведена стандардната процедура, поддршка од Црвениот крст, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина, инормира владината прес служба.
Во Скопје денеска пристигнаа 97 граѓани од Авганистан кои ќе бидат привремено сместени додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците за оваа група ќе бидат целосно покриени од Националниот демократски институт за меѓународни работи.
По слетувањето беше спроведена стандардната процедура, поддршка од Црвениот крст, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина, инормира владината прес служба.