ШИЛЕГОВ ЗА СМАРТ СИТИ Скопје сите услуги ќе ги дава онлајн

271

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски вечерва остварија маалски средби со своите сограѓани. Тие беа придружувани од носителите на кандидатските советнички листи за Скопје, Софија Пејкова и за Центар, Андријана Будимир.

– Денеска го презентиравме проектот Смарт сити со кој Скопје станува прв град во државата каде граѓаните директно и сами одлучуваат за тоа каде и како се вложуваат нивните пари. Преку апликацијата „Мое Скопје“ на својот мобилен телефон, скопјани ќе може да гласаат за предлози, да дефинираат приоритети и со тоа самите да ги креираат политиките градот – најави Шилегов.






Тој рече дека со Скопје смарт сити, Скопје станува град без шалтери.

– Скопје сите услуги ќе ги дава онлајн и со тоа станува првиот целосно дигитализиран град во регионот. Сите плаќања и сите документи ќе бидат достапни на интернет или на телефонот на граѓаните. Преку овој проект се поставуваат 10.000 нови лед светилки со што Скопје добива совршено осветлени и безбедни улици, вело патеки и тротоари, а заштедува 1,3 милиони евра годишно на електрична енергија – нагласи Шилегов.

Осврнувајќи се на досегашниот период, Шилегов додаде дека и во Центар се инвестира во повеќе важни капитални проекти.

– Ги реконструиравме булеварите Димитрија Чуповски, 11 октомври, Кочо Рацин и Крсте Петков Мисирков, како и улиците Лазар Личеновски, Бихачка, Црниче, Никола Карев (кај Железничка) и Васил Ѓоргов. Пробивме нови велосипедски патеки и подигнавме нови зелени површини. Новиот парк Ибни Пајко и двата нови зелени покриви, оној на ГТЦ и оној на Домот на градежици, како и новиот памптрак полигон кај Олимписки, се наоѓаат на територија на Центар. Го реконструиравме Кејот 13 Ноември и плочникот на влезот на ГТЦ од страната на плоштад – посочи Шилегов осврнувајќи се на сработеното во Центар.

Скопскиот градоначалник најави дека е во тек реконструкцијата на Универзална сала, а годинава ќе почне и со реконструкции на булеварите Кузман Јосифовски Питу и Митрополит Теодосиј Гологанов.

– Ги реконструиравме гимназиите „Јосип Броз Тито“ и „Раде Јовчевски Корчагин“, како и средното медицинско училиште „Др. Панче Караѓозов“. Обезбедивме прочистувачи за воздух за секоја училница – додава Шилегов.

Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Центар подигнати се над 53.700 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени над 5.200 садници.

Поврзани содржини