КОЈ Е МОТИВОТ ЗА ГРОЗОМОРНОТО УБИСТВО ВО СРБИЈА Што криел таткото во резервното тркало на автомобилот?
Убиецот, кој најверојатно имал и помагачи, Ѓокиќ ги убил, па ги запалил на тој рамен дел, а телата потоа биле префрлени во јама, каде биле покриени со лисја, гранки, даски и отпад за да се сокријат.
Обдукцијата на телата на семејството Ѓокиќ од Алексинац е завршена и резултатите покажуваат дека се убиени со огнено оружје, пишуваат српските медиуми.
Според првичните неофицијални информации, постои сомнение дека Ѓокиќ се убиени во автомобил, а не се исклучува можноста дека оружјето имало пригушувач, затоа што нема сведочења дека се слушнале пукотници.
На 20 метри од јамата, длабока 4 метри, во која биле пронајдени јагленисани телата сопственикот на менувачница, 57-годишниот Горан Ѓокиќ, неговата 56-годишна сопруга Гордана и ќерката Лидија која имала 25 години, пронајден бил јаглен.
– Полицијата со трака го означила целото подрачје.Очигледно е имало палење, не се пронајдени траги само во јамата, туку и на рамниот дел, недалеку од јамата. Тоа може да укаже на тоа дека убиецот, кој најверојатно имал и помагачи, Ѓокиќ ги убил, па ги запалил на тој рамен дел, а дека телата потоа биле префрлени во јама, каде биле покриени со лисја, гранки, даски и отпад за да се сокријат – објаснил извор за Курир.рс и додал дека на заграденото подрачје има најмалку 10 места на кои има јаглен.
Според неофицијални информации од истрагата, најверојатно убиецот не е професионалец, па се очекува многу скоро да биде откриен. Телата на тричленото семејство не беа погребани, но, како што се дознава, биле фрлени во грмушките и над нив беа фрлени гранки и гранчиња.
Во меѓувреме, се појави неофицијална информација по српските медиуми, дека убиецот го зел резервното тркало во кое криеле пари. Наводно тоа биле парите од менувачницата кои Горан ги носел со себе секогаш во резервното тркало.