ТАА Е НАЈГОЛЕМИОТ КОШМАР ЗА СЕКОЈ РЕСТОРАН Луѓето не можат да веруваат што јаде Викторија Бекам!

6,824

Откритието дека омилениот оброк на Викторија Бекам е сол на тост од леб направен од цели зрна пченица ги оставило нејзините обожаватели во неверување.

Гостувајќи во еден подкаст Викторија признала дека некогаш била „најлошиот кошмар“ во рестораните.






Поради оваа изјава, почнале да се нижат опасни критики на социјалните мрежи и многумина се прашуваат зошто тоа си го прави на себе.

„Се обложувам дека времето за ручек е забавно во нејзиниот дом. Среди се девојко и почни да живееш на „работ“ додека јадеш грав“, е еден од коментарите.

Во текот на подкастот, поранешната членка на женскиот бенд „Спајс грлс“ опишала дека преферира да јаде препечен леб со малку сол или евентуално зеленчук на пареа со оцет балсамико.

– Тоа е тој јаглехидрат поради кој се чувствувате удобно, а јас сакам сол – рекла дизајнерката.

Викторија во својата исхрана задолжително ги раздвојува намирниците богати со јаглехидрати од оние што се полни со протеини.

– За повеќето ресторани, јас сум веројатно најлошиот кошмар. Обожавам зеленчук готвен на пареа. Сакам намирниците да се готват на многу едноставен начин. Не сакам масла, путери или сосови – открила таа.

Зборувајќи за својата необична диета, Викторија изјавила дека дури и готвачот Гордон Ремзи, кој е многу добар пријател на семејството Бекам, рекол дека никогаш не видел некој што е толку дисциплиниран во поглед на начинот на кој се храни.

– Сакам да испијам пијалак со вечерата и можам да станам многу добар гостин на вечерата – тврди Викторија.

Позната по беспрекорната линија, дизајнерката претходно изјавила дека секојдневното вежбање ѝ станало рутина.

– Секој ден вежбам – тоа го гледам како миење заби, тоа е нешто што се подразбира дека треба да го правиш. Обично, прво трчам на подвижна лента, по што следува вежбање според програмата на мојот тренер – рекла таа.

И трчањето е нејзината омилена кардио-активност, па така речиси секој ден истрчува осум до десет километри. Викторија обожава и јога, па вежба според програмата yogalosophy.

 

Поврзани содржини